И Тунис елиминиран од АКН – Буркина Фасо во полуфинале (ВИДЕО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентацијата на Буркина Фасо го победи Тунис со 2:0 во натпревар од четвртфиналето на АКН.

Траоре во првото полувреме испрати проектил, но немаше среќа и не го совлада голманот на Тунис.

Банче во второто полувреме постигна фантастичен погодок од слободен удар за водство на Буркина Фасо.

После погодокот истиот фудбалер ја погоди стативата.Грешката на противникот ја искористи Накоулма кој му обезбеди полуфинале на АКН на Буркина Фасо, 2:0.