Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Шест натпревари се одиграа од 23-то коло во ПЛ.
Вотфорд го победи Арсенал на Емирати, 1:2.
После десет минути игра Кабул постигна фантастичен погодок од далечина за водство на Вотфорд.
Три минути подоцна Трој Дини зголеми на 0:2.
Волкот во второто полувреме шутираше, но Гомес го одбрани неговиот удар. Во 58-ма минута Ивоби на асистенција на Санчез намали на 1:2.
Перез во 86-та минута ја погоди пречката, а до крајот промена на резултатот немаше, 1:2.
Во остантите натпревари од 23-то коло Кристал Палас го победи Борнмут на гости, 0:2, Барнли го победи Лестер на домашен терен, 1:0, Мидлзбро и ВБА ремизираа, 1:1, Сандерленд и Тотенхем ги поделија бодовите, 0:0 и Свонси го победи Саутемптон на домашен терен со 2:1.