Кабул и Дини за три минути го замолкнаа Емирати, Тотенхем само бод против Сандерленд, нов пораз на шампионот (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шест натпревари се одиграа од 23-то коло во ПЛ.

Вотфорд го победи Арсенал на Емирати, 1:2.

После десет минути игра Кабул постигна фантастичен погодок од далечина за водство на Вотфорд.

Три минути подоцна Трој Дини зголеми на 0:2.

Волкот во второто полувреме шутираше, но Гомес го одбрани неговиот удар. Во 58-ма минута Ивоби на асистенција на Санчез намали на 1:2.

Перез во 86-та минута ја погоди пречката, а до крајот промена на резултатот немаше, 1:2.

Во остантите натпревари од 23-то коло Кристал Палас го победи Борнмут на гости, 0:2, Барнли го победи Лестер на домашен терен, 1:0,  Мидлзбро и ВБА ремизираа, 1:1, Сандерленд и Тотенхем ги поделија бодовите, 0:0 и Свонси го победи Саутемптон на домашен терен со 2:1.