Кавани добива нов договор во ПСЖ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Единсон Кавани оваа сезона е главен игрча во ПСЖ. Тој по заминувањето на Ибра, стана прва опција во нападот, а тоа максимално го искористи, односно постигна 24 голови во 25 натпревари.

Овој 29-годишен фудбалер има намера уште долго да го носи дресот на ПСЖ. Договорот му вреди до лето наредната година, а Кавани може наскоро да потпише нов, со кој би останал до 2021 година.

„Сакам да останам во Париз. Се чувствувам добро тука, го сакам градот и најверојатно ќе го продолжам договорот. Имав преговори и ќе видиме што ќе се случи.“

Тој стигна од Наполи за 65 милиони евра, а со овој клуб ги освои сите можни трофеи во Франција.