Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се знае буџетот за на лето во Милан со новите кинески инвеститори ќе изнесува околу 120 милиони евра.
Идејата е да се потрошат на три или најмногу четири играчи кои ќе донесат добра атмосфера во тимот со младите играчи кои Милан ги лансира последните 2 години, а приоритет е да се задржи Донарума како и други млади играчи.
Во одбраната партнер на Ромањоли ќе биде Де Фреј, но тој е пред трансфер во ПЛ, па како алтернатива се зема Мусачо од Виљареал.
Во средниот ред, желба на Милан е Луиз Густаво, но покрај него го сакаат и сириецот Дауда од Гладбах кој е желба на Ливерпул.
Во нападот доколку се продаде Бака ќе пристигнат двајца нови играчи.
Првата мисија е да се врати Аубамејанг и да стигне Кеита кој не сака да потпише нов договор со Лацио.
Планот е да се задржат Делофеу, Сусо , Пашалиќ и да се продадат некои од страрите играчи во тимот.