Каде ќе заврши Мичи Батсуаи?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Челси вечерва се очекува и решавање на ситуацијата околу напаѓачот Мичи Батсуаи кој воопшто не се снајде во дресот на Валенсија.

Новинарот на „Скај Спортс“ Кави Солекол пренесува дека неколку екипи се заинтересирани за белгискиот напаѓач, но платата од 180.000 фунти неделно која ја бара играчот е преголема за сите тимови.

Вест Хем, Реал Бетис и Евертон посакуваат да го донесат напаѓачот, но ниту еден од клубовите не е убеден дека ќе го обезбеди неговиот потпис.

Интересно е дека во последните неколку часови излезе опција дека Батсуаи е понуден и на Тотенхем, но „Петлите“ не притискаат за негов трансфер.

Доколку остане вака се очекува Мичи Батсуаи да остане во Валенсија каде нема да биде прв избор.