Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Рома синоќа на „Олимпико“ ремизираа против Интер 2:2 во дербито од 14. коло од италијанската Серија А.
Рома повторно не блескаше, но на крајот сигурно најважно е што успеаа да останат непоразени во дербито. Интер имаше водство во финишот на мечот, но римскиот клуб успеа да дојде до реми кога погодок од пенал постигна Александар Коларов.
„Вилчицата“ беше значително ослабена поради повредените играчи, а од трибините мечот го следеше и Един Џеко. Напаѓачот со својата сопруга го бодреше својот тим, а со доста емоции го прослави погодокот на Коларов за конечни 2:2.