Каква кражба! Тренираше со Ливерпул, го сакаше Барселона, а тој замина во Атлетико


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Атлетико Мадрид е блиску до доведување на големата надеж на уругвајскиот фудбал.

Хуан Мануел Санабриа е 16-годишен уругвајски фудбалер за врска кој игра за Национал, а наскоро би требало да се пресели во Атлетико Мадрид.

Атлетико не може да доведува фудбалери, па затоа во Мадрид ќе престојува како гостин, исто како Николас Шиапакасе.

Без разлика на пишувањето на Марка во трка се и Ливерпул и Барселона. Каталонците цврсто загризаа за него, а црвените се надеваат на негово доаѓање бидејќи минатата година 10 дена тренираше на Енфилд.