Каква легенда: Гомис со „луда“ прослава исплаши едно момче (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бафетимби Гомис беше познат по неговите настапи во дресот на Свонси, но и неговите неверојатни прослави по постигнувањето на гол.

Сепак, едно момче се исплаши кога го виде францускиот напаѓач како тргна да прослави и тоа откако почна да глуми пантер.

Гомис во моментов настапува во Саудиска Арабија, каде што постигнува голови за Ал Хилал речиси на секој натпревар, а таа серија ја продолжи и против Ал Итихад.

Напаѓачот тргна да прослави, но потоа момчето кое собира топки се исплаши, а на крајот Гомис реши да му се извини поради неговиот потег и му го подари дресот, па најверојатно детенцето по тој потег повеќе нема да се плаши од Французинот.