Каков пех за Гвардииола, сериозна повреда на еден од најдобрите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола има големи проблеми пред продолжението на сезоната.

Илкај Гундоган се повреди во 44 минута од мечот против Вотфорд, мораше да го замени Фернандо, а веќе тогаш се замрзна срцето на навивачите на Манчестер Сити бидејќи се виде дека се работи за сериозна повреда.

Германскиот фудбалер ќе мора да отсуствува од теренот неколку месеци.

„Мислам дека ќе мораме без Гундоган неколку месеци. Тоа се многу тажни вести за нас, мислам дека се работи за повреда на лигаментите на коленото“, рече на конференцијата Пеп Гвардиола.

Гундоган беше еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити во претходниот период, а Пеп Гвардиола во овој викенд ќе биде лишен од услугите не само од него, веќе и од Агуеро и Фернандињо.

За должината на отсуството ќе се знае повеќе утре, но сигурно се работи за најмалку 3-4 месеци.

Дали оваа повреда значи дека Манчестер Сити се откажува од титулата, или можеби значи повеќе шанса за Јаја Туре?