Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот е еден од најважните играчи во екипата на Гвардиола, но јасно е дека „Граѓаните“ наскоро ќе мораат да му ангажираат замена.
Два проблеми има Пеп Гвардиола оваа сезона, еден е малкуте опции на позицијата лев бек, а вториот е опцијата на позиција заден играч за врска.
Менди е единствен вистински лев бек во екипата, додека Фернанрдињо е единствениот заден играч за врска, може да го одмени Гундоган, но германскиот репрезентативец нема такви дефанзивни квалитети.
Кога бившиот играч за врска на Шахтјор има лош ден, Сити во суштина лошо минува, па без сомнеж е важно „Граѓаните“ што е можно побрзо да ангажираат играч кој ќе му биде алтернатива.
Со оглед на тоа дека 34 години, идеално би било екипата да ја засили помлад фудбалер, кој би бил решение на долги стази.
Изгледа дека и пронајдоа таков играч, имено, Манчестер Сити е заинтересиран за играчот за врска на Вест Хем, Деклан Рајс.
Овој ирски интернационалец и оваа сезона го привлече вниманието на бројни екипи, доби шанса кај Пелегрини и ја искористи, а „Чеканите“ за неговите услиги како што се наведува ќе бараат околу 50 милиони фунти.
Останува да се види дали Сити може да ја издвои споменатата сума, познато е дека имаат проблеми со ФФП, а и Пеп Гвардиола повеќепати изјавуваше дека „Граѓаните“ нема да купуваат во зимскиот преоден рок.