Како да е аматер: Обамејанг се посрамоти против Ливерпул (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул синоќа на „Енфилд“ го декласираа Арсенал со 5-1 и уште еднаш покажаа дека се најсериозен кандидат за титулата во Премиерлигата.

Дербито почна на најдобар начин, зашто Арсенал стигна прв до водство, но „топчиите“ доживеаа вистинска катастрофа во продолжението од мечот.

Ливерпул стигна до пресврт за само три минути, а на крајот завршија со дури пет постигнати погодоци, а навивачите на Арсенал многу очекуваа од Пјер-Емерик Обемејанг, кој беше „невидлив“ на теренот.

Обамејанг излезе од игра во 71 минута, а за толку време на теренот имаше само 13 допири со топката, а тоа покажува колку лош беше овој настап за него.