Како да не играл за нив: Реал Мадрид го отстрани секој траг за Роналдо на нивната официјална страна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалецот ова не го заслужи.

Кристијано Роналдо веројатно е еден од најдобрите играчи во историјата на Реал Мадрид, а со своите неверојатни игри му донесе на клубот голем број на трофеи.

Тој на Сантијаго Бернабеу играше девет сезони, а сите ги изненади минатото лето кога одлучи да го потпише за Јувентус. Меѓутоа, тоа што тој го направи во дресот на Реал Мадрид е нешто што тешко кој може да го постигне. Но, се чини дека во Реал Мадрид не водат баш сметка за тоа, бидејќи на официјалната страница на клубот е избришан речиси секој траг за Португалецот.

За почеток она што можеа сите да го видат е фотографија како слубот слави што четворица играчи се во најдобриот тим од ЛШ за минатата сезона. На фотографијата се Рамос, Варан, Модриќ и Марсело, додека Роналдо го нема ни на мапата, иако тој беше најдобар играч на Кралевите во минатата сезона.

Меѓутоа тука приказната само што почнува. Реал Мадрид престана веднаш да го следи Роналдо на Твитер, Инстаграм и Фејсбук и тоа во моментот откако потпиша за Јувентус. Тоа е тотална спортивност од Манчестер Јунајтед, кои продолжија да го следат откако тој отиде во Мадрид.

Исто така, Роналдо е најдобар стрелец на Реал на сите времиња, но за него нема место на главната фотографија на играчи кои ја имаат обележано историјата на клубот и кои се легенди. Да, добро прочитавте. За човекот кој освои пет златни топки нема место покрај легендите како што се Алфредо ди Стефано или Зинедин Зидан.

Дека појавувањето на Роналдо на официјалната страница е сведено на минимум докажува и фактот што тој се појавува само во позадина кога е во прашање фотографијата од славењето на титулата од ЛШ. Исто така, откако тој потпиша за Јуве, речиси е забранета тема на разговор на Реал Мадрид ТВ.

„Ако сакаат да ги покажат најдобрите моменти на некој од своите играчи тогаш нека ги исфрлат сите голови и асистенции на Роналдо и да бараат некои каде што него го нема, што е многу тешко“, објавија шпанските медиуми.