„Како доби пенал Јувентус, а Рома остана со празни раце? Баш ме интересира што ќе каже УЕФА“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јувентус со 3-0 во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони го елиминираше Атлетико Мадрид и обезбеди пласман во следното коло. Сепак, во центар на внимание е досудениот пенал во финишот од мечот, па многумина го споредуваат со тој што не беше досуден за Рома против Порто.

Многумина тврдат дека Рома беше оштетена против Порто за пенал. Турскиот судија не сакаше тогаш ниту да ја погледне ВАР-снимката, па дуелот заврши со триумф на португалската екипа.

Андреа Кореа го турна Федерико Бернардески во казнениот простор, а судијата Бјорн Куиперс немаше дилеми и покажа пенал, кој го реализираше Кристијано Роналдо.

По пеналот за „Старата дама“ се огласи и поранешниот извршен директор на Рома, Умберто Гандини, кој се прашува зошто Јувентус добил пенал, а Римјаните немале ист третман во дуелот против Порто.

„Мора да бидеме доследни. Пеналот кој не беше досуден за Рома за мене беше чист, а пеналот за Јуве исто така чист. Ќе биде интересно објаснувањето на УЕФА за случајот“, пишуваат новинарите.