Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ФИФА денес објави листа за најдобри единаесет играчи кои ја обележаа 2018 година, но по се изгледа дека е направена голема грешка.
Имено, на листата номинирани голмани воопшто го нема Јан Облак кој статистички беше најдобар голман во годината која полека завршува.
Словенецот во просек примал 0.57 голови по натпревар што е далеку помалку од сите свои колеги кои се номинирани за ФИФА тим на годината, а со својот Атлетико Мадрид ја освои и Лигата на Европа.
За најдобар голам е номиниран Давид де Геа од Манчестер Јунајтед- 0.76 голови по натпревар, Марк- Андре Тер Стеген од Барселона- 0.81 голови по натпрвар, Џанлуиџи Буфон од Јувентус/ПСЖ- 0.82 голови по натпревар, Кејлор Навас од Реал Мадрид- 1.11 голови по натпревар и Тибо Кортуа од Челзи/Реал Мадрид- 1.02 голови по натпревар.
Дали ФИФА неоправдано го заборавила Словенецот проценете сами…