Како изгледа Серена откако ослабна повеќе од 10 кг за помалку од еден месец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една од најдобрите тенисерки на денешницата Серена Вилијамс се враќа во форма откако се породи во септември 2017. година и неколку месеци беше тотално надвор од терените.

Серена полека почна да се враќа на тениските турнири иако многумина шпекулираа дека дури би можела и да ја заврши кариерата. Но, американската тенисерка одлучила дека сеуште не е време за пензија и ќе биде дел од тенискиот свет уште неколку сезони.

По враќањето на терените многумина ја критикуваа дека има очигледен вишок на килограми и дека тоа и прави голем проблем во игрите. Тоа се виде и на Австралија Опен каде што спорот се движеше и многу брзо остануваше без сила.

Но, Серена одлучила да се врати во форма и да го исфрли од неа вишокот на килограми.

Таа синоќа на доделувањето на Оскарите воодушеви многумина со својата линија.

Во разговор за американските медиуми открила дека ослабнала дури 11 килограми од завршувањето на Австралија Опен.