Калдерон открива: Зидан не беше првата опција на Перез…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившиот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон откри дека Зинедин Зидан не бил првата желба на Флорентино Перез кога е во прашање клупата на Реал Мадрид.

Калдерон истакна дека Перез како што се наведува сакал да се врати Жозе Мурињо за да ја продолжи епохата која ја заврши во 2013. година, но фудбалерите на Реал Мадрид беа против таа опција.

„Соблекувалната направи се за Мурињо да не се врати“, истакна Калдерон за Скај Спорт па продолжи: „Сите знаат каков Реал остави Мурињо со себе, со многу проблеми, растурена атмосфера како и нарушени меѓучовечки односи. Лидерите на Реал не сакаат такви работи повторно да се случуваат. Искрено мислам дека враќањето на Мурињо би значело неколку чекори назад за Реал, најмногу поради сите проблеми и контроверзи кои пристигнуваат во пакет со Португалецот“, порача тој.

За потсетување, Калдерон и пред смената на Сантијаго Солари зборуваше дека Мурињо е првата опција на Перез.

„Немам дилеми дека Мурињо е првата опција на Флорентино Перез. Го повикуваше често во изминатите неколку месеци. Прво го повика него кога Зинедин Зидан замина. Мурињо тогаш бил во Манчестер Јунајтед и му одговори дека не е вистинско време за враќање. Сега е слободен. Сметам дека големи се шансите тој да биде нов тренер“, порача тогаш Калдерон.