Канаваро по само една недела ќе добие отказ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Италијанец Фабио Канаваро одамна гради тренерска кариера во Кина, но сега има големи проблеми.

Канаваро, тренерот на Гвангжу Евергранде, минатата недела седна на селекторското столче на репрезентацијата на Кина, но според „Ла Република“ неговата позиција е загрозена.

Кина запиша два порази на Кина Купот, од Узбекистан и Тајланд, па управата на кинескиот сојуз набрзо загуби трпение.

Ниту самиот Канаваро не беше сигурен дали ќе ја продолжи соработката со фудбалскиот сојуз на Кина.

„Кинескиот сојуз уште нема јасен став, кога станува збор за селекторската позиција. Како што реков и порано, тренирањето на репрезентацијата може да биде голем предизвик. Ако сум им потребен, тогаш ќе останам“, вели Канаваро.