Канонада од голови во Казањ: Франција во возбудлив дуел ја елиминираше Аргентина! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прекрасен натпревар одиграа Франција и Аргентина, а на крајот Французите беа поуспешни со 4-2.

Антоан Гризман го отвори резултатот на дуелот со гол во 13. минута од пенал за 1-0. Сепак, во продолжението Аргентина стигна до израмнување преку фантастичниот гол на Анхел Ди Марија.

Во вториот дел Лионел Меси успеа да шутира, а топката го удри Меркадо и го измени правецот на движење и ја затресе мрежата за целосен пресврт на Аргентина од 2-1.

Франција веднаш возврати преку Павард, кој со прекрасен удар израмни на 2-2. А потоа за само четири минути Килијан Мбапе ги уништи Аргентинците, откако постигна два одлични гола за 4-2.

Франција се опушти во последните минути од средбата, па тоа го искористија Аргентинците, откако погодија во 93. минута за конечни 4-3.

Франција во четвртфинале ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Уругувај и Португалија, кој се игра вечерва од 20 часот.