Канте го напушта Стенфорд Бриџ после само една сезона?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчот за врска на Челси Н`голо Канте може да го напушти лондонскиот клуб после само една сезона.

Англиските медиуми тврдат дека францускиот фудбалер од лето може да заврши во Реал Мадрид, кој сериозно е заинтересиран за негово доведување.

Наводно, Канте е поставен како приоритетно засилување за Кралевите во летниот преоден рок и за него се спремни да издвојат неверојатни 51 милиони фунти.

Евентуално заминување од Челси после само една сезона ќе биде интересен потег.

Тој на Стенфорд Бриџ стигна во минатото лето од Лестер со кој го шокираше светот со освојување на титулата шампион на Англија.

Нов трофеј во неговите раце е многу блиску и во оваа сезона. Извесно е дека Канте повторно ќе стане шампион, овој пат со Сините, но веќе од наредната сезона може да го облечи дрет на Лос Бланкоси од Мадрид.

Канте моментално важи за еден од најдобрите играчи за врска на светот и сигурно е дека ќе претставува огромно засилување за средниот ред на кралскиот клуб.