Канте останува во Челси уште пет години


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата од Стемфорд Бриџ денес објави дека одличниот играч ќе остане во Лондон наредните пет години.

„Среќен сум што го продолжив договорот со Челси. Позади мене се две преубаво години овде и се радувам за оние кои ќе дојдат. Откако дојдов овде потполно напредував како играч. Добив некои награди за кои никогаш не ни помислував дека ќе ги добијам. Го сакам градот, го сакам клубот и среќен сум што ќе останам овде уште неколку години“, рече Канте.

Англиските медиуми пред неколку дена објавија информација дека Канте со новиот договор ќе заработува околу 290.000 фунти неделно, што го направи еден од најплатените играчи во историјата на клубот.