Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓународната асоцијаја на тркачки тимови ги предупреди возачите и тимовите во Мото ГП дека ќе бидат казнети ако не ги почитуваат ривалите.
Во соопштението кое беше испратено до сите тимови пред две недели, асоцијацијата нагласи дека од голема важност е да се заддржи почитта во шампионатот и дека неспортското однесување ќе биде казнето.
До таква реакција дојде по караницата помеѓу Роси и Еспаргаро во текот на 2-от тренинг од ГН на Сан Марино. „Докторот“ сметаше дека Еспаргаро забавил на тркачката линија и по караницата на Шпанецот му покажа среден прст.
Запрашан во Арагон за тоа дали предупредувањето е резултат на неговата караница, тој изјави:
„Мислам дека во Мизан, Еспаргаро направи грешка, остана на тркачката линија и додека се каравме ми кажа: `Е** се!`. Моја грешка е тоа што му покажав среден прст. Што се однесува до другото, бев во право. Можеби малку претерав и вистина е дека не треба така да се реагира. Но, од друга страна, возачите кога се на патеката мора да внимаваат.“