Караница во Јувентус, Конте доби „корпа“, се размислува за друг тренер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поразот од Наполи направи проблеми во соблекувалната на Јувентус.

Буфон по поразот заминал во соблекувалната и се скарал со соиграчите. Тој бил многу лут на своите соиграчи, најпрво затоа што не биле доволно борбени, а наводно му се спротиставил Мехди Бенатија, кој беше виновник за голот на Кулибали.

Се зборува за нов тренер, но Конте наводно бил одбиен и нема да се врати назад во Торино, на клупата на Јувентус, па се зборува дека неговиот помошник би можел да добие шанса.

Станува збор за Масимо карера, кој работел со Конте во шампионските години во Јувентус во првата половина на деценијата.