Кардиф останува без бодови поради Емилијано Сала!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Кардиф се наоѓа пред голема казна доколку не му плати на Нант 17 милиони евра за трансферот на починатиот фудбалер Емилијано Сала, чие тело беше извлечено од дното на Англискиот канал.

ФИФА го потврди трансферот неколку часа пред несреќата, па тој е валидер, а Кардиф ја стопираше исплатата на три работи, зашто бараше потребна документација за несреќата за да го оправда трансферот, но и да дознае кој е одговорен.

Нант со официјална порака го предупреди Кардиф да ги почитува обврските, дури се закани со тужба доколку не ги добие парите.

Доколку Кардиф не го почитува договорот, тогаш би можел да се соочи со казна, односно одземање на бодови. Очигледно ова е добар доказ за суровоста во фудбалот, кој нема милост кога станува збор за пари.