Кариус не мирува во Истанбул: Тргнал во акција по презгодна Турчинка (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турската девојка Мерве Ташкин откри на медиумите дека се запознала со новиот голман на Бешикташ, Лорис Кариус.

Кариус имаше лоша сезона и мораше да замине од Ливерпул по пристигнувањето на Алисон Бекер, а негов нов клуб стана Бешикташ.

Веќе неколку недели живее во Инстабул и не му требаше многу за да тргне во потрага по нова девојка.

Ташкин вели дека неодамна го запознала Кариус, откако почнале да се допишуваат на социјалните мрежи.

„Почнавме со еден твит, а потоа продолживме со разговорите на социјалните мрежи, а мислам дека сакаше да зборуваме на некое друго место. Ми даде број, па потоа се видовме и во живо“, кажа таа.