Кари го премина Билапс!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Кари стигна до 8-то место на вечната листа на најдобри тројкаши во плеј-оф серијата.

Актуелниот вице-шампион Голден Стејт победи против Јута, а Кари го заврши натпреварот соо 23 поени, 5 скокови и 4 асистенции.

Тој успеа да постигне 3 удари за 3 поени, а тоа му беше доволно за да го премине Билапс.

Пред него се само Ален со 385, Милер со 320, Џинобили со 312, Џејмс со 304, Брајант со 292, Фишер со 285 и Пирс со 276 погодени тројки.