Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Баерн, Карло Анчелоти наскоро би можел повторно да се најде на тренерска клупа.
Славниот италијански стручњак неодамна доби отказ од редовите на баварскиот великан, а неговото име веднаш почна да се поврзува со неколку клубови, посебно во Англија и Италија.
Меѓутоа, Анчелоти својата кариера би можел да ја продолжи во Кина, каде што го посакува екипата на Гвангжу Евергранде.
Моменталниот тренер на овој тим, Луис Фелипе Сколари има договор со екипата до крајот на оваа сезона, а раководството на тимот нема намера да му го продолжи договорот.
Медиумите во Кина тврдат дека преговорите се веќе започнати и дека Италијанецот е заинтересиран за работата.