Кармело Ентони ја менува репрезентација?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кармело Ентони би можел да ја промени репрезентацијата.

Откако со години настапуваше за селекцијата на САД каде беше најдобар стрелец на Олимписките игри, сега би можел да игра за земјата каде што потекнува, Порторико.

Иако е роден во Бруклин, таткото на Мело е од оваа држава, па така Ентони би имал право да настапува за Порторико. Кошаркарскиот сојуз на оваа земја веќе ја започнал процедурата и ќе проба да го наговори Антони да побара испизница од КС на САД.

Прашање е сепак дали ФИБА ќе дозволи промена на државјанството, а ако се случи тоа, Порторико ќе добие огромно засилување.

Кармело во текот на кариерата играше за Денвер, Њујорк, Оклахома и Хујстон, од каде денес беше отпушен.