Карпош Соколи си ги ара назад парите од АБА Лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од раководството на кошаркарскиот клуб Карпош Соколи по вчерашниот итен состанок одлучија да ги бараат назад парите кои ги уплатија на АБА Лигата за добивање на вајлд-карта за учество во ова натпреварување.

Карпошовци уплатија 150.000 евра на сметката на АБА, а по новонастанатата ситуација и војната на релација АБА-Карпош Соколи повикаа итен состанок на кој донесоа неколку заклучоци.

Од Карпош Соколи излегоа со официјално соопштение за целиот настан.

Во врска со проблемот со АБА-лигата, Управниот Одбор на КК КАРПОШ СОКОЛИ 2000 АД Скопје, на вонредниот состанокот одржан на 18.07.2017 година, ги констатираше следните факти:

КК КАРПОШ СОКОЛИ 2000 АД Скопје, на ден 24.08.2016 година, потпиша Договор со Јадранска Кошаркарска Асоцијација – АБА Лига Ј.Т. Д., за учество во АБА Лигата за натпреварувачката сезона 2016/17, преку т.н. “вајлд карта”;

КК КАРПОШ СОКОЛИ во целост ги реализирал сите финансиски обврски кон АБА Лига, поврзани со т.н. “вајлд карта” и финансиски обврски по изречените казни согласно Пропозициите за натпреварување на АБА Лига;

Директорот на лигата, Г-дин Крешимир Новосел, на состаноците со Раководството на Клубот, како основен услов за учество во натпреварувачката сезона 2017/18, го поставил КК КАРПОШ СОКОЛИ да не биде пласиран на последно место во Лигата во сезоната 2016/17. Подоцна овој услов го дополнил и потврдил дека доколку Клубот не е последно пласиран во АБА Лига и го освои првото место во домашното првенство, со сигурност ќе биде учесник во АБА Лига во сезона 2017/18;

Во натпреварувачката сезона 2017/18, КК КАРПОШ СОКОЛИ, со скор од 10 победи и 14 порази е пласиран на 10-тото место во АБА Лигата од 14 екипи (со идентичен број на победи со 8-мо пласираната екипа);

КК КАРПОШ СОКОЛИ е исклучен од учество во АБА Лига за сезона 2017/18, на ден 23.05.2017 година, со Одлука на Собрание на АБА Лига. Одлуката за исклучување на КК КАРПОШ СОКОЛИ од АБА Лига за натпреварувачката сезона 2017/18 е донесена еден пред да се одигра 5-тиот натпревар од финалето во Кошаркарското Првенство на Македонија, помеѓу КК МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ и КК КАРПОШ СОКОЛИ, при резултат 2-2 во финалната серија;

На ден 17.07.2017 година, Раководството на АБА-лига, согласно донело Одлука да го казни КК КАРПОШ СОКОЛИ со парична казна од 12.000 евра, со напомена дека дополнително ќе се разгледа можноста за повеќегодишна суспензија на Клубот од сите натпреварувања под капата на АБА Лига.

Од погоре наведените факти, Управниот Одбор на КК КАРПОШ СОКОЛИ ги донесе следните заклучоци:

Раководството на АБА Лига најгрубо го излажало клубот, отстранувајќи го Лигата за натпреварувачката сезона 2017/18, по административен пат, пред да се одигра последниот финален натпревар од домашното првенство. На истата седница на Собранието, е потврдено дека екипата на КК МЗТ АЕРОДРОМ Скопје (противникот на КК КАРПОШ СОКОЛИ во финалето) независно од исходот во финалната серија ќе биде учесник во АБА за сезоната 2017/18. Оваа одлука, донесена на само еден ден пред последниот финален натпревар е најголема потврда на константните лаги, со кои Раководството на АБА Лигата го изманипулира КК КАРПОШ СОКОЛИ;

Раководството на АБА Лига донело Одлука за промена на системот на натпреварување за сезона 2017/18, односно намалување на лигата од 14 на 12 клуба и да се „затвори“ листата на учесници однапред, без разлика на пласманот во националните шампионати. Во сериозни спортски лиги, Одлуките за промена на системот на натпреварување, секогаш стапуваат на сила најрано преку една натпреварувачка сезона од денот на донесување;

Казната од 12.000 евра и потенцијлната суспензијата на Клубот од натпреварувања во организација на АБА Лига, е неоснована и нелигитимна, бидејќи КК КАРПОШ СОКОЛИ, од 23.05.217 не е член во АБА Лига и за Клубот неважат Пропозициите на АБА. Оваа суспензија неможе по никаков основ да се пренесе на Клубот, бидејќи АБА Лигата не признаена од ФИБА, аналогно ниту од МКФ;

Поради сето ова, Управниот Одбор КК КАРПОШ СОКОЛИ донесе Одлука Клубот да достави барање до АБА Лига за поврат на уплатените средства во износ од 150.000 евра.