Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот напаѓач и член на Сампдорија Антонио Касано веројатно до крајот на преодниот рок ќе го напушти овој клуб.
Касано денеска потврди дека побарал раскин на договорот со екипата од Џенова, но сеуште не се знае каде тој ќе ја продолжи кариерата.
„Да, побарав (раскин на договорот) Сега ќе почекаме. Не знам што ќе се случи. Моментално сум во ред, се забавувам со своите деца и среќен сум“, рече Касано, а тогаш одговори на шпекулациите дали може да замине во Кина.
„Кина? Зошто би отишол таму и што би работел? Сега се враќам дома кај мојата фамилија, ова е среќен ден за мене“, рече Касано.
Да потсетиме дека тој во текот на кариерата играше за бројни клубови, а најдобрите денови ги имаше кога играше за Рома од 2001 до 2006 година, после што замина во Реал Мадрид каде што се задржа само една година.