Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Уругвајскиот фудбалер Мартин Касерес (29) сепак нема да премине во редовите на турскиот Трабзонспор.
Касерес е слободен играч од лето, кога го напушти Јувентус, но сеуште не пронајде нов ангажман, а тој кој и успеа да го договори – му пропадна.
Него го сакаа Интер, Наполи и ВБА, но тој отпатува во Турција и требапе да го заврши трансферот во редовите на Трабзонсор, но падна на лекарски прегледи, па е откажан трансферот.
Сега единствено што му преостане е да сочека уште некое време, да ги реши здравствените проблеми и тогаш да пронајде клуб во кој ќе игра.
Касерес кариерата ја почна во Дефенсор, играше потоа во Шпанија за Виљареал и Барселона, потоа во Севиља, а во 2012 година во своите редови да го доведе Јувентус.
Во дресот на Старата дама доверливиот стопер одигра 51 натпревар, и постигна двагола.