Касиљас се сели во Премиер лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од редовите на Њукасл се подготвени да го донесат искусниот Икер Касиљас во своите редови.

Бенитез има проблеми со голманите кои играат променливо оваа сезона. На почетокот од Премиер лигата прв голман беше Дарлоу, меѓутоа по слабите настапи него го замени Елиот. Сепак, и Роб Елиот не блескаше меѓу стативите на Њукасл, па сега Дарлоу се врати на голот.

За волја на вистината, поранешниот голман на Нотингем Форест бранеше сосема солидно на последните два натпревари од првенството, но Бенитез го посакува Касиљас како конкуренција за 27 годишниот чувар на мрежата.