Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер не успеа да го донесе Лука Модриќ минатото лето, иако долго време се поврзуваше со нив. Тие дури се скараа со европскиот шампион, чиј претседател Флорентино Перез кажа дека тие сакале бесплатно да им го украдат Хрватот.
Реал на крајот успеа да ги одбие сите напади за Хрватот, а „нераѕурите“ останаа без посакуваното засилување, но тие имаат големи планови за наредното лето.
Според каталонски „Спорт“, Интер подготвува голем напад на друг Хрват, а станува збор за Иван Ракитиќ од Барселона.
Интер е подготвен да плати дури 90 милиони ера на Барселона на лето за Ракитиќ, на кого му подготвиле петгодишен договор вреден пет милиони евра по сезона.