Каталонците го сковаа планот за Нејмар: Следува неверојатна размена со Парижаните..?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Продолжуваат шпекулациите околу грандиозното враќање на Нејмар на „Ноу Камп“.

Барселона сака да ги искористи претстојните нелагодности во француски ПСЖ, кои ќе следуваат ако катарските сопственици продолжат да го прекршуваат финансикиот фер плеј.

Ако сакаат да избегнат казна, тимот од „Паркот на принцовите“ ќе мора да продава, изборот падна на Нејмар или Килијан Мбапе.

Секако дека не сакаат да се откажат од младиот Французин кој е иднина во тимот, а и светскиот фудбал, па со задоволство би му го виделе грбот на најскапиот играч во историјата.

Откако пристигна за сума од 222 милиони евра, Нејмар постојано се доведува во врска со враќање во тимот на Лео Меси.

Барселона би можела да ја олесни оваа работа, така што ќе го понуди Кутињо со доплата за сметка на кам бек на Бразилецот. Некогашниот играч на Ливерпул се помалку игра во Барселона, па не би било чудно да го напушти клубот сега или евентуално за шест месеци.