Каталонците не сакаат да се откажат: Барселона испрати трета понуда за ѕвездата на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентативецот на Бразил, Вилијан, е желба на Барселона, но Челси не сака да го продаде својот фудбалер.

Вилијан е голема желба на Каталонците и „Скај Спорт“ пишува дека Барселона испратила трета понуда, откако претходните две им биле одбиени.

Не се споменува износот, но очигледно е сума која ќе ги задоволи членовите на управата на „сините“.

Вилијан постигна 13 гола и девет асистенции во минатата сезона во дресот на поранешниот англиски шампион.