Каљари се „смешка“, Ливерпул сака Италијанец од – 40 милиони!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најперспективните италијански фудбалери, Николо Барела, е на мета на голем број моќни европски клубови, а прв фаворит за неговиот потпис е Ливерпул.

„Тутоспорт“ пишува дека играчот на Каљари ги импресионирал скаутите на Ливерпул, а досега 21-годишниот фудбалер има настапувано за младите селекции на Италија и Каљари проценува дека вреди 40 милиони евра.

Тоа, секако, не е никаква официјална сума затоа што е познато како Италијанците сакаат да преговараат и би можеле да извлечат многу пари од Ливерпул.

Покрај интересот на „црвеите“, за младиот играч се распрашувале Јувентус, Интер, Милан и Наполи, а наредна шанса да го видат на дело против гигант е во сабота кога неговиот тим гостува на „Џузепе Меаца“ против Интер.