Квалификации за ЕП – Одбојкарите декласирани од Романија во три сета


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На првиот натпревар во групната фаза во квалификациите за ЕП, одбојкарите на Македонија беа поразени со 3:0 во сетови на гости од репрезентацијата на Романија.

Романија многу лесно ги доби трите сета и заслужено славеше во овој натпревар.

Првиот сет домашната репрезентација го доби со 25:21. Вториот сет многу лесно го добија со 25:14 и имаа водство од 2:0 во сетови. Во третиот сет романските одбојкари имаа најлесна работа и славеа со 25:12, 3:0 во сетови.

Следниот натпревар е утре во 16:00, повторно гостува одбојкарската репрезентација на Македонија, овој пат во Чешка.