Квери го симна Мареј од тронот на Вимблдон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американскиот тенисер Сем Квери славеше против актуелниот шампион на Вимблдон, Британецот Енди Мареј со 3:2 по сетови.

Ваквата ситуација може да ја искористи Новак Ѓоковиќ кој доколку победи против Бердих ќе се врати на првото место на АТП листата.

Американецот по сетови славеше со 3:6, 6:4, 6:7, 6:1, 6:1 и така се пласира во своето прво полуфинале на гренд слем турнирите. Негов следен противник ќе биде Марин Чилиќ кој по голема борба славеше против Жил Милер со 3:2(3:6, 7:6, 7:5, 5:7, 6:1).