Кербер е на врвот, Конта се искачи на 7-мо место!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


На најновата ВТА листа немаше многу промени во топ 10. Кербер е на првото место додека најмногу напредуваше Конта која од 11-то место се искачи на 7-то.

Кербер на турнирот во Мајами беше поразена од Вилијамс во ¼-финале и сега има 7340 поени, односно 175 помалку во однос на претходната листа.

Во продолжение следува Вилијамс со 7010 бодови, Плишкова со 6020, Цибулкова со 5245 бодови, 5-то место е Халеп со 5022 додека 6-та е Мугуруза со 4790 поени.

Шампионката на турнирот, Конта напредуваше 4 позиции и сега е 7-мо мосто со 4330 бодови, 8-ма е Радванска со 4290, 9-та е Кузњецова со 4025 и последна во топ 10 е Венус Вилијамс со 3845 поени.