Кер беше успешно опериран!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер беше успешно опериран, но сеуште не се знае точниот датум на неговото враќање.

51-годишниот тренер вчера правеше операција на рбетот поради проблеми со грбот и силните мигрени.

„Се надеваме дека тоа е решението, имаше уште една операција. Се трае скоро 2 години, а тоа верувам е необично. Се грижиме поради него, тука сме да го поддржиме и го очекуваме дека ќе се врати наскоро на теренот.“

Кер го водеше Голден Стејт само во првите 2 натпревари од ¼-финалната серија на Западот.