Кејн си постави голема задача на себеси: Мислам дека можам тоа да го направам!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Напажаѓот на Тотенхем, Хари Кејн си постави пред себе тешка задача, а тоа е да постигне повеќе голови од Меси во ЛШ. Тој го коментираше Лео Меси, за кого кажува дека го почитува исклучително многу.

„Меси постави стандард. Тој и Роналдо се над сите, но мене ме мотивира да бидам подобар. Се надевам дека во кариерата ќе постигнам исто толку голови како Меси во ЛШ, ако не и повеќе. Тој уште игра, па ќе видиме, но мислам дека можам да го направам тоа“, рече Кејн.

Инаку, Меси за Барселона има постигнато 560 голови, од кои 103 во Лигата на шампионите.

Хари Кејн во досегашната кариера има одиграно точно 300 натпревари, а има постигнато 172 голови и уште 19 за репрезентацијата. Во ЛШ има одиграно само 11 натпревари и има постигнато девет погодоци.