Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Рома го победија Киево на гости во натпревар од 37-мо коло во Серија А, 3:5.
Лукас Кастро во 15-та минута донесе водство за Киево. Стефан Ел Шарави го израмни резултатот, а водството на домашните го врати Роберто Инглесе со погодок со глава.
Сорентино го одбрани ударот на Салах, но неколку минути подоцна голманот на домашните остана немоќен по ударот на египќанецот, 2:2.
Во второто полувреме Стефан Ел Шарави го постигна својот втор погодок на натпреварот зa 2:3. Десетина минути пред крајот на натпреварот Мохамед Салах се запиша по втор пат во листата на стрелци. Един Џеко погоди за 2:5, а Роберто Инглесе кој по втор пат погоди во мрежата на Рома ги постави конечните 3:5.
Рома после оваа победа се приближи на само еден бод до Јувентус кој утре го игра натпреварот од 37-мо коло и ако победи, бјанконерите ќе се радуваат на нова титула.