Киз повторно ќе работи со Девенпорт


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американската тенисерка, Медисон Киз објави на друштвените мрежи дека повторно ќе соработува со Линдзи Девенпорт.

Но, таа соработка ќе мора малку да почека, бидејќи Киз поради операција на зглобот на десната рака нема да може да настапи на Австралијан Опен, на кој во 2015 година играше одлично.

Една од тенисерките на ВТА турата зад себе има најдобра сезона во кариерата.

„Многу сум возбудена што ќе соработувам со Линдзи. Ќе продолжиме таму каде што сопревме. Таа ми помогна многу да дојдам до големи резултати.“