Кинезите сакаат да имаат свој Меси или Марадона!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на најнаселената земја на светот во средбата со претседателот на Аргентина откри дека имаат многу амбициозен план и притоа побараат совет од својот колега.

Се сретнаа Си Џинпинг и Маурисо Макри на самитот Г20 група во Хангжу, главна тема на разговорот беше со кинеските инвестиции во Аргентина, која никогаш не се опорави од економскиот колапс до кој ги доведе “соработката“ со МФФ, но истотака се навратија и на фудбалот.

„Во наредните 20 години сакаме кинески Лео Меси или Марадона. И за тоа ни треба ваша помош“, рече Џинпинг Макри.

Планот е аргентински стручнаци што во поголем број да доаѓаат во Кина да работат со деца, поради огромната популарност на Меси кај Кинезите.

Кинескиот претседател додаде дека му е жал што Аргентина не ја совлада Германија во финалето на Мундијалот во 2014 година во Бразил, како и дека Кина сака што побрзо да биде домаќин на Мундијал.

До тој момент желба е Кина да го добие својот Меси.