Кинезите ќе го наполнат буџетот, а Милан има 2 желби!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан добива вистинско богатство од Кинезите.

Тие наредното лето сакаат да го засилат тимот за наредната сезона и така да влезат во борба за титулата.

Медиумите откриваат дека Милан е заинтересиран за Обамејанг и Кеита Балде.

Играчот на Дортмунд, Обамејанг веќе изјави дека сака да го напушти тимот, па Милан може да го победи Реал Мадрид и да го обезбеди неговиот потпис.

Тие исто така го сакаат 21-годишниот играч на Лацио, Кеита кој ја има најдобрата сезона и има постигнато 7 голови во 19 натпревари во Серија А.