Кинески клуб нуди богатство на Меси и сака да го направат убедливо најплатен фудбалер на светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Звучи просто неверојатно, зарем не? Лионел Меси може да стане најплатен фудбалер некогаш, и тоа многу, многу убедливо, пренесува шпански Ас.

Нормално, Кинезите може само да сонуваат дека ќе го доведат Лео Меси, се надеваме дека постои некоја виша сила која може да ги запре во оваа намера.

Ако не постои и ако Аргентинецот ја прифати понудата, тогаш ќе потпише петгодишен договор со клубот по име Хебеи за 500 милиони евра.

За Хебеи е ова само прва сезона во најсилната кинеска лига, иако е основан во 2010 година.

Без оглед на се, имаат најмногу пари, го покажаа тоа и со доведување на ѕвезди како Лавеци кој моментално е најплатен играч на светот.

Тие сакаат по секоја цена да го доведат Меси во своите редови, спремни се да ги платат и тие 100 милиони евра, пренесува шпански Ас.

Сеуште не се знае дали Меси ќе потпише нов договор, сегашниот му истекува во 2018 година.

За крај, ви претставуваме малку поблиску колку се тоа 100 милиони евра за година дена – 1 923 076 евра неделно = 274 725 евра дневно = 11 446 евра по час = 190 евра по минута = 3.17 евра по секунда.