Класата е вечна: Иниеста го постигна голот на кариерата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вечерва играа одличен натпревар против Селтик во рамките на групната фаза од ЛШ бидејќи го декласираа Селтик со 7:0.

После неочекуваниот пораз од Алавес во домашното првенство, играчите на каталонската екипа целата своја фрустрација ја исфрлија на Селтик.

Барселона славеше со 7:0, а хет-трик постигна Меси, Суарез 2, Нејмар и Иниеста по еден.

Сепак, треба да се признае дека „титулата“ за најдобар гол на натпреварот вечерва оди кај Иниеста кој после асистенција на Нејмар постигна спектакуларен гол од волеј за 4:0.