Клаузулата е активирана, Рома доби дефанзивец


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Федерико Фазио е од денес само на Рома.

Досегашниот фудбалер на Тотенхем беше позајмен на Рома, Федерико Фазио сега е само фудбалер на Рома бидејќи римскиот клуб ја активира клаузулата.

Рома го доведе на позајмица за 1.2 милиони евра за оваа сезона, а постоеше опција и да се откупи договорот кога ќе дојде од одреден број на одиграни натпревари на Фазио во дресот на волчицата.

Тоа се случи после натпреварот против Киево, Рома стекна право да го откупи фудбалерот на Тотенхем и тоа и го направи.

Дополнително уплатија само 3.2 милиони евра и сега добија дефанзивец.