Клајверт размислува зрело: Ќе дојде и моето време


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Младиот холандски фудбалер Џастин Клајверт ова лето пристигна во Рома од Ајакс, со репутација на еден од најголемите таленти во Европа.

Клајверт постепено добива прилика за игра во новиот клуб, но размислувањето му е многу зрело, за некој кој има само 19 години, кога се знае дека некои негови врсници сакаат слава преку ноќ.

„Сакам да станам стартер, но сеуште не е дојдено моето време. Ќе дојде … За сега сум среќен што добив некои минути, а верувам дека со текот на времето се ќе си дојде на место“, рече Клајверт, па направи споредба на Рома со Ајакс.

„Овде е многу потешко. Очекувањата на сите во Рома се навистина големи, а сето тоа носи обврска и одговорност. Додека бев во Ајакс, имав поголема слобода на теренот, овде сум малку поблизу до центарот“.

За сега најдобар момент на кратката ера на Клајверт во Рома е асистенцијата за победоносниот гол на Џеко во 90. минута на натпреварот против Торино (1-0).