Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што стојат работите, наредното лето ќе одекнат две бомби во Париз.
Француските медиуми пренесуваат декас спортскиот директор на Светците Патрик Клајверт тргна во акција за доведување на Алексис Санчез од Арсенал и Хулијан Вајгл од Борусија Дортмунд.
За незадоволството на Чилеанецот се повеќе се пишува, одличниот напаѓач е разочаран што Топџиите не се сериозен конкурент во борба за трофеј, па се укажува дека нема да прифати продолжување на договорот, што дава простор за маневар на остатите клубови.
Низ медиумите се појавуваа приказни дека Алексис го сакаат Интер, Јувентус и Челси, сега во кругот на заинтерсирани влегува и Пари Сен Жермен.
Кога се работи за Вајгл, тука ситуацијата е нешто покомплицирана за Парижаните.
Момчето што доби награда за играч кој најмногу напредуваше во 2016 година во Бундеслигата неодамна го продолжи договорот со Милионерите до 2021 година, а освен тоа се шушка дека за него заинтересиран е и Реал Мадрид.
Во секој случај, за очекување е да биде турбулентно на Паркот на Принцевите во наредното лето, поготово во случај на преминување на доминацијата во Франција.
Тренерот Унаи Емери не се снајде баш најдобро во Париз, а многу играчи од неговиот тим делуваат заситени и истрошени.
[Info @CanalSupporters ] Le #PSG drague Alexis Sanchez et Julian Weigl https://t.co/ISgsk0ViNY … #mercato #TeamPSG pic.twitter.com/k9C1RAcv8J
— Canal Supporters (@CanalSupporters) January 6, 2017